Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Започнува финансиската поддршка на проекти за рурален развој одобрени во 2018

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
DSC_9223

На денешната редовна 128 седница, Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои информацијата за поддршката на инфраструктурните проекти финансирани од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година.

Согласно оваа информација за програмата која континуирано се спроведува повеќе години, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ќе ја реализира исплатата на проектите одобрени на  јавниот повик за 2018 година кои предвидуваат подобрување на квалитетот на животот во руралните средини за инвестиции во локалната патна инфраструктура, вклучително и мостови, за водоснабдителни и канализациони системи и за изградба и за модернизација на објекти на пазари за земјоделски производи, како и за објекти за домови за деца и млади и домови на култура. Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој опфаќа и проекти за обнова и развој на селата, како и проекти за зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања