Започнува караванот на Коалицијата „Можеме“, без масовни митинзи и посети на домови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
zaev-mozeme

Започнува караванот на Коалицијата „Можеме“, без масовни митинзи и посети на домови. Грижејќи се за здравјето на граѓаните и целосно почитувајќи ги мерките за заштита од Ковид-19, коалицијата „Можеме“ најави дека ќе организира изборна кампaња по строго утврдени протоколи.

— реклама —

„За запознавање со понудата коалицијата „Можеме“ на распологање ќе ги стави сите онлајн и дигитални алатки на располагање, како и засилено присуство на традиционалните медиуми.За подобра двонасочна комуникација со граѓаните, ќе се органзиираат средби со целни групи, како и мали трибини во контролирани услови и со точно утврден број на присутни, со целосно почитување на мерките и задолженијата од надлежните институции“, се вели во соопштението.

Првата мала, здравствено безбедна трибина ќе се одржи во Струмица на која ќе учествуваат носителите на изборната единица 4 ,претседателот на СДСМ, Зоран Заев и Соња Мираковска.

— реклама —

Во текот на оваа недела централниот караван ќе одржи мали собири, целосно здравствено безбедни трибини и во Охрид (четврток) Велес (петок) Општина Центар (сабота) и Куманово (недела).

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања