Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Започнува наградната игра „Мој ДДВ, моја награда“, издвоени три милиони денари главна награда

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
ujp

Од 15 декември започнува наградната игра „Мој ДДВ, моја награда“ со скенирањето на фискалните сметки, а наградниот фонд че изнесува половина милион евра и ќе има дневни, месечни и две главни награди од по 3 милиони денари, кои ќе се доделат во март и декември 2020-та година.

Министерката за финансии Нина Ангеловска истакна дека при скенирањето на фискалната сметка, без оглед на износот, корисниците ќе добијат порака дали таа е добитна или не.

— реклама —

Станува збор за наградна игра која ќе започне од 15 декември, а граѓаните кои до сега скенирале најмногу фискални сметки можат да бидат добитници на вредни добивки.

— реклама —

 

Директорката Сања Лукаревска очекува голем број корисници да го добијат  максимумот поврат. За јули, август и септември, исплатата ќе биде во висина од 50 до 1.800 денари.

— реклама —

„Во најскоро време, на почетокот на декември, би требало некаде за 10 до 15 дена да ги вратиме назад парите кај граѓаните. Со тоа што ќе добијат и претходно известување на меил согласно оние податоци кои ги имаат во Е-пдд, дека ќе им се изврши исплата. Очекуваме дека ќе има голем број на граѓани кои што го имаат остварено лимитот од 1 800 денари да им биде вратен назад во нивните џебови“ - вели Лукаревска.

— реклама —

По бројот на корисници од над 180.000 граѓани кои месечно скенираат околу 8 милиони фискални сметки што придонело да бидат возвратени 5 милиони денари на граѓаните.

Од 1 до 15 декември ќе се изврши првиот поврат на ДДВ кон граѓаните кои скенирале фискални сметки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања