Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Започнува „Поетска ноќ во Велестово"

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

ОО
ohrid

Со низа културни содржини и неколку новини во програмскиот дел вечерва во с. Велестово започнува 36-то изедание на интернационалната поетска манифестација „Поетска ноќ во Велестово.

— реклама —

На денешната срдба со новинарите, извршниот директор Јулијана Величковска ја претстави Програмата:

— реклама —

Вечерва на сред село со почеток во 21 часот со малиот музички концерт „Езеро“ на хрватската кант-авторка Нина Ромиќ во придружба на Јелена Галиќ ќе започне годинешното издание на “Поетската ноќ“ во Велестово. Ќе следува поетскиот портрет на Елизабета Баковска, а потоа и настанот „Поетско интермецо“. Овој настан прв пат се воведува годинава. На „Поетското интермецо“ странските поети ќе имаат можност да се претстават пред публиката во Велестово. Вечерта ќе биде затворена со изложбата на фотографии „Паметници на заборавот“ од Сашо Димоски, во тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“. Со поетски портрет годинава ќе биде претставено творештвото на Елизабета Баковска, а во интернационалната програма ќе гостуваат поети од шест земји, и тоа: Велика Британија, Ирска, Кина, Хрватска, Србија и Македонија. Фестивалот ќе заврши на 18 август со организрано разгледување на културно-историското наследство на градот Охрид и природните убавини во околината- подвлече Величковска.

На прес конференцијата се обрати и ирскиот поет Патрик Котер кој два пати претходно е претставуван на манифестацијата, а годинава доаѓа по трет пат во Велестово и Охрид.

— реклама —

Се радувам што повторно сум дел од оваа прекрасна културна манифестација којашто по многу нешта е посебна и различна од сите други манифестации од ваков тип во Светов. Со нетрпение чекам вечерва да се запознаам со другите автори учесници на настанот. Воодушевен сум од изборот на актери кои ја читаат избраната поезија. Воодушевен сум од Охрид и неговите убавини-рече Котер.

— реклама —

На средбата присуствуваше и поетеста Елизабета Баковска чии поетски достигнувања ќе бидат во центарот на вниманието на годинешново издание. Манифестацијата се одржува со поддршка на Општина Охрид и Министерството за култура.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања