Започнува присилна наплата на комуналната такса

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
ke_se_vrab_vo_grad_sko

Од Град Скопје ги известуваат сите таксени обврзници, дека во согласност со одредбите за присилна наплата од Законот за даноците на имот, почнува постапка за присилна наплата на неплатените обврски по основ на неплатена комунална такса за фирма (фирмарина) за 2017 година.

— реклама —

„Сите таксени обврзници кои имаат заостанати и неплатени долгови, потребно е да ги подмират своите обврски.

— реклама —

Со цел да се избегнат непотребните блокирања на сметките, доколку се увиди дека постои платен, но нерегистриран долг, таксениот обврзник може да дојде во просториите на Град Скопје, барака 16, секој работен ден од 07:30 часот до 16:30 часот.

— реклама —

Напоменуваме дека во тековната година, односно во месец март Град Скопје испрати опомени за неплатен данок на имот и комунална такса за фирмарина  до сите правни и физички лица кои вршат дејност на територија на Град Скопје. Од причина што рокот во којшто требаше да се изврши наплатата по доставената опомена е поминат, Град Скопје изготви решенија за присилна наплата кои се доставени до таксените обврзници.

Доколку по ваквото решение не се постапи, се изготвува решение за блокада на сметките на обврзниците по банки“, велат од Град Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања