Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Започнува Самитот на НАТО, премиерот Ковачевски предводи владина делегација во Вилнус, Литванија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
53035968243_60e565ce40_c

Денеска во Вилнус, Литванија официјално започнува Самитот на НАТО, на кој учествува претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и ја предводи владината делегација во чиј состав се министерот за надворешни работи, Бујар Османи и министерката за одбрана Славјанка Петровска.

— реклама —

Премиерот Ковачевски, денеска и утре, ќе учествува на трите состаноци на Северноатлантскиот совет, што се одржуваат на ниво на шефови на држави и Влади каде ќе земат учество 31 земја членки на НАТО. На Самитот се поканети и шефови на држави и Влади на земји партнери на НАТО - Австралија, Грузија, Јапонија, Република Кореја, Нов Зеланд, Молдавија, Босна и Херцеговина, како и претседателите на Европскиот Совет и Европската Комисија. На Самитот е предвидено да учествува и Претседателот на Украина Володимир Зеленски.

— реклама —
— реклама —

На самитот во Вилнус ќе бидат адресирани актуелните безбедносни предизвици, зајакнувањето на врските меѓу Украина и НАТО преку формирање на Советот НАТО-Украина како и зајакнување на поддршката за Украина. Лидерите ќе говорат за унапредување на одбранбените капацитети, споделување на обврските, како и нови одбранбени регионални планови.

— реклама —

Во рамки на учеството на Самитот на НАТО, предвидено е премиерот Ковачевски да оствари билатерални средби со премиерката на Естонија Каја Калас и премиерот на Грција Киријакос Мицотакис.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања