ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Започнува зачестена дезинфекција во сите институции на органите на управата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
korona-virus-2

Врз основа на заклучоците и препораките донесени од Владата на Република Северна Македонија и Министерството за здравство, за превенција и заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните од корона вирусот, Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) на Владата, денеска бесплатно подели средства за дезинфекција на раце во повеќе министерства, владини институции, како и во дел од органите во состав на министерствата.

— реклама —

Средствата за дезинфекција на раце се наменети за сите вработени во институциите како и за граѓаните што ги користат нивните услуги, зашто здравјето на граѓаните е пред се!

Во текот на викендот, ќе се спроведе дезинфекција во просториите на сите министерства, како и во органите на управата.

— реклама —

Дезинфекција ќе се изврши и во резиденцијалните објекти на Претседателот на државата и на Претседателот на Владата, на клубовите на органите на државната управа (угостителски објекти), магацинските простории на општите служби, како и на возниот парк на Службата за општи и заеднички работи на Владата.

Оваа мерка за дезинфекција како и снабдувањето на институциите со средства за дезинфекција на раце ќе продолжи во повеќе наврати, ќе се спроведува во институциите, особено таму каде што е најголема фреквенцијата и комуникацијата на граѓаните со администрацијата како придонес за спречување на ширењето, за превенција и за заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања