Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Започнуваат Рамазанските пости - честитка од претседателот на Собранието Џафери

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
ramazan

Започнуваат Рамазанските пости - честитка од претседателот на Собранието Талат Џафери. Во леститката се вели:

Почитувани граѓани, припадници на исламската вероисповед,

— реклама —

Дозволете ми, од свое лично име и од името на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, да упатам честитка до сите за кои од денес започнува светиот месец Рамазан, месецот во кој се практикува постот, молитвата, споделувањето на храната и убавиот збор, месецот во кој се обединуваат семејствата, соседите, пријателите, се среќаваат и запознаваат познати и непознати, се споделуваат со нив желби за добро здравје, мир и спокој во умот и душата, среќа и благосостојба во домот и за сите луѓе. Нека духот на овој месец со сета негова солидарност биде драг гостин во секој дом, нека ги облагороди срцата со убави мисли на почит и љубов кон блиските и кон сите луѓе, знајни и незнајни. Бидејќи, не смееме да заборавиме дека сме сите пред сѐ луѓе, потребни сме си едни на други, за со заеднички  сили да градиме среќно, напредно и успешно демократско општество во кое секој ќе има достоинствен живот, ќе биде почитуван и вреден дел од мозаикот.

Уште еднаш, Ви посакувам на сите добро здравје, благосостојба и духовен мир а бидејќи Рамазан е и месец на физичкото и менталното искушение, нека биде со лесно и со убаво за сите кои ќе постат а сите останати, да имаат разбирање кон сограѓаните.

— реклама —

Честит почеток на Рамазанските пости, се вели во честитката од претседателот на собранието Талат Џафери.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања