Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Заради бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, стои Скопје, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
MickoskiGaziBaba

Неполна година Град Скопје стагнира, не се развива, не се реализираат нови проекти, а наследените се намерно стопирани, вели СДСМ

„И сето тоа само заради одредени бизнис интереси на Христијан Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Тоа најдобро се виде со тендерот од 136 милиони евра за пречистителна станица, кој на површина го извади вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Повеќе од 10 месеци Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ раководат со Град Скопје, тоа е период на неработење, на безидејност и на груба партизација на градската адмнистрација.

Мостовите на улица Љубљанска и булеварот АСНОМ, БРТ системот, Универзална сала, Скопје смарт сити, се само дел од проектите што Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ ги наследија а не ги продолжија, а не е реализиран ниту еден нов проект.

— реклама —

Тоа е директно на штета на Градот и на неговите граѓани.

— реклама —

Наместо на проекти за развој на Градот, ВМРО-ДПМНЕ; Мицкоски и Арсовска биле посветени единствено на тендери и лични бизнис интереси.

Скопјани не заслужуваат ваков неодговорен, расипнички однос, Мицкоски и Арсовска треба да им се извинат на граѓаните за тоа што ги излажаа на претходните избори“, се вели во сопштенето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања