Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Заради недомаќинското и криминално работење на власта на Ковачевски половина милијарда евра ќе се потрошат за струја, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
struja-2

Заради недомаќинското и криминално работење на власта на Ковачевски половина милијарда евра ќе се потрошат за струја, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Ковачевски првин велеше дека за покривање на кризата за купување на струја ќе бидат потребни 150 милиони евра, за потоа да излезат со информација по состанокот кај Пендаровски и да тврдат дека се потребни 300 милиони евра. Но повторно не ја говорат вистината, бидејќи кога ги прават пресметките забораваат на стопанството и на локалните самоуправи.

И наместо да работат цела година да го превенираат недостатокот и високите цени, тие се посветени на превозот на јаглен и мазут, кој да го транспортира или која фирма да го набавува.

— реклама —

И додека власта брка проценти, народот плаќа поскапа струја, а има најава и за ново покачување, токму од Ковачевски за од јануари.

— реклама —

На удар е стопанството кое плаќа 4 пати повисоки сметки од до сега, но и единиците на локална самоуправа и јавните претпријатија кои за струја одвојуваат и до 30% од приходите.

Оваа ситуација ја создаде власта, зошто не овозможи домашно производство, кога имаше можност да набави енергенси како јаглен и мазут, ниту пак се посвети на нови копови и откривки во постојните копови.

— реклама —

Доколку власта итно не го смени пристапот, половина милијарда евра ќе бидат потребни за да се потрошат како резултат на нивната неспособност и криминогеност“, се вели во соопштнеието.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања