Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Заради неспособноста на Ковачевски и Спасовски учениците и граѓаните 5 месеци се во страв, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
DSC_0060

5 месеци Ковачевски и Спасовски не се способни да ја гарантираат безбедноста на граѓаните, но пред се на најмладите, односно учениците, вели ВМРО-ДПМНЕ

„5 месеци училишта, јавни како и приватни објекти се под речиси секојдневни закани за поставени бомби, а МВР предводено од Спасовски тапка во место и нема направено конкретно ништо за да ги спречат истите.

— реклама —

Додека трошат илјадници евра за пиар и лажно да претстават дека се е прекрасно, во реалноста се случува безбедносен хаос.

— реклама —

Речиси секој ден страв, исплашени и вознемирени ученици, просветни работници и родители.

Поминаа и повеќе од три месеци откако Оливер Спасовски изјави дека набрзо ќе заврши истрагата за дојавите за бомби и граѓаните ќе бидат известени, но не само што не е завршена истрагата, туку и дојавите се засилија, а МВР не може да ги спречи.Тоа само укажува дека МВР на чело со Спасовски не се способни ниту да откријат кој ја загрозува безбедноста, кој сее страв кај граѓаните, особено учениците, а уште помалку да ги спречат истите.Наместо да реагираат веднаш, дури сега по 5 месеци се сетија дека треба допрва да прават план, а 5 месеци ги преспа.

— реклама —

Заради неспособноста на владата на Ковачевски и МВР на Спасовски учениците изгубија премногу настава, одат на училиште во страв исто како што во страв одат вработените во објектите кои се цел на овие дојави за бомби.

— реклама —

Безбедноста на граѓаните не се гарантира со реклами на Фејсбук, туку со конкретни чекори. Ковачевски и Спасовски досега покажаа дека ниту се кадарни, ниту се способни да се справат со оваа ситуација, а заради нивната неспособност трпат граѓаните.

За доброто на граѓаните време е да си поднесат оставки“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања