Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Заради ВМРО-ДПМНЕ државата загуби 100 милиони евра од ЕБОР, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
evra

Европската банка за обнова и развој, ги повлече 100те милиони евра заем наменети за поддршка на АД ЕСМ и полесно справување со последиците од енергетската криза, вели СДСМ

— реклама —

„Повлекувањето доаѓа откако со месеци ВМРО-ДПМНЕ го блокираше законското решение грубо лажејќи дека со него ќе се затвореле енергетските капацитети РЕК Битола и РЕК Осломеј.

— реклама —

Заради деструктивноста на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ државата, граѓаните останаа без 100 милиони евра помош во време на криза.

Не е првпат државата финансиски да биде оштетена од страна на ВМРО-ДПМНЕ, слично беше и со заемот од Светска банка за време на кризата со коронавирусот, кога тогашаната заменик министерка за финансии Гордана Кочовска Димитриевска не го потпишуваше заемот.

— реклама —

Како и многу пати досега, ВМРО-ДПМНЕ не само што не помага, туку во време на криза и одмога на државата.

— реклама —

Тоа е срамно, ниско и неодговорно однесување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и тоа ќе го судат и ценат и граѓаните“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања