Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Зариф: Иран никогаш нема да почне војна, но ќе го уништи секого што ќе го нападне

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
mkd-424821

Тој рече дека со неговиот германски колега, Хајке Мас, имал „искрени и сериозни“ разговори во Техеран за спас на нуклеарната спогодба од 2015 година по повлекувањето на САД.

Според Ројтерс, тој додал дека Техеран ќе соработува со европските држави-потписнички во обид да го спасат договорот.

— реклама —

„Иран никогаш нема да почне војна, но ќе го уништи секого што ќе го нападне“, рекол Зариф.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Абас Мусави, денеска ги критикуваше европските потписнички на нуклеарниот договор, бидејќи не успеале да го спасат договорот по американското повлекување минатата година и воведувањето нови санкции против Техеран.

— реклама —

„Досега не сме виделе практични и очигледни чекори со кои европските земји би гарантирале заштита на интересите на Иран“, рече Мусави, пренесе Ројтерс.

Тој истакна дека Техеран нема да разговара за ниедно прашање надвор од нуклеарниот договор.

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Јукија Амано, изрази загриженост поради зголемените тензии околу иранското нуклеарно прашање и додаде дека се надева дека може да се најде начин за нивно намалување преку дијалог.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања