„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Жарко Бошкоски: Македонија да биде држава во која кариерата, приходите и расположението на граѓаните нема да зависат од однесувањето на политичарите, туку спротивно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
zarko

— реклама —

Интервју со Жарко Бошкоски, Носител на листа за кандидати за пратеници за ИЕ4

Жарко Бошкоски е дипломиран економист и долгогодишен професионалец и претприемач од областа на осигурувањето, со повеќе од 30 години искуство ова оваа област. Од почетокот на својата кариера бил ангажиран во ЗОИЛ Македонија за потоа да работи како самостоен осигурителен брокер на повеќе раководни позиции во неколку осигурителни компании. Покрај професионалниот ангажман во сферата на осигурувањето, Жарко поседува големо професионално искуство во доменот на основањето и создавањето на успешен бизнис од оваа специфична област.

— реклама —

Истовремено, Жарко е еден од основачите на Ротари клуб во Прилеп, каде низ своите и активностите на другите Ротари членови, дава значаен придонес кон поголем број проекти кои се насочени кон интересите на заедницата и специфичните социјални и општествени групи.

ПОЛИТИКА: Кој е вашиот личен мотив да се приклучите на Македонски Концепт?

Жарко Бошкоски: Се приклучив кон МК Концепт, од причина што верувам дека оваа платформа има капацитет и знаење да донесе вистински промени во државата. Подолго време активно ги следам состојбите и лично ја чувствувам потребата за промени, од аспект и начин на кој што сметам дека јас можам да допринесам тие промени да се случат. Сигурен сум дека со моето лично и деловно искуство можам повеќе да дадам на државата, отколку да очекувам да добијам нешто од неа. Затоа се приклучив во Македонски Концепт, за да понудам идеја за промена кон подобро и да помогнам таа идеја да се реализира.

ПОЛИТИКА: Дали е ова Ваш прв политички ангажман?

Жарко Бошкоски: Да, немам никаква претходна поврзаност со ниту една политичка партија.

ПОЛИТИКА: Што според Вас е пресудно за подобра иднина на државата?

Жарко Бошкоски: Нашата држава би можела брзо и секојдневно да се трансформира во подобра, само доколку сме спремни да ги напуштиме старите принципи на функционирање. Меѓутоа, навистина е тешко да очекуваме модерни принципи од луѓе кои ни докажале дека своите навики не ги менуваат и не сакаат да ги променат. Затоа, за реално да очекуваме промени, мораме да прифатиме, дека политичар не смее да биде професија со долгорочен стаж, затоа што секој кој е политичар подолг период, не е во можност да ни донесе вистински промени, ниту да ги напушти своите лоши навики. За вистински промени, неопходно е да идентификуваме вистински луѓе, кои само кратко ќе делуваат и ќе допринесат, за потоа, истите брзо да ја завршат политичката кариера и да се вратат на својата основна професија или бизнис. Сметам дека во овој момент, тоа е пресудно; да одбереме нови, вистински луѓе, кои можат да донесат промени за подобра иднина на државата. Тие можат да ни донесат подобра иднина за економијата, здравството, образованието, судството…

ПОЛИТИКА: Кои се приоритетите кои политичкиот фактор треба да ги преземе со цел да направи некаква промена во Македонија?

Жарко Бошкоски: За да се направи вистинска промена во Македонија, неопходно е да се воспостави интензивна и секојдневна комуникација помеѓу функционерите и граѓаните. Доколку граѓаните се во можност брзо, лесно и едноставно да воспостават контакт со лице кое е на позиција да направи одредена промена, функционерите ќе бидат изложени на поголем притисок да дадат резултати. Само на тој начин и доколку функционерите и политичарите поминуваат исто онолку време со граѓаните по завршување на изборите, како што тоа го прават пред избори кога им е потребен нивниот глас, ќе имаме вистинска демократија и нашата држава ќе биде подготвена да спроведе промени на подобро. Денес, со технологијата со која сите располагаме, е многу лесно и едноставно овој процес на комуникација да се оствари. Потребно е единствено да се постави како ветување пред, и како приоритет после завршувањето на изборниот процес.

ПОЛИТИКА: Која компонента од она што го нуди МК концепт, за Вас има најголемо влијание како граѓанин на Македонија?

Жарко Бошкоски:  МК концепт го гледам како еден целосен пакет на компоненти, проекти и мерки неопходни за функционирање на државата. Самата идеја дека на граѓаните може да им се понудат индивидуи, кои немаат зад себе години политички стаж и лоши навики влева ентузијазам и очекување за подобра иднина. Знаеме дека да правејќи иста работа од која очекуваме различен резултат, е во најмала рака нерационално, па затоа само логично е доколку очекуваме промени на подобро. Затоа е потребни да избереме нешто ново, нов концепт, свежи идеи и нови лица. Тоа денес, на политичката сцена, е она што го нуди МК концепт.

ПОЛИТИКА: За што ќе се залагате доколку добиете прилика да учествувате во управувањето со процесите во државата?

Жарко Бошкоски: Пред сѐ за обновување на темелите на демократијата преку повторно зближување на оние кои можат да влијаат на промените и граѓаните на кои овие промени им се неопходни. Секој политичар треба да знае дека состанокот со обичниот граѓанин е најбитниот состанок во денот за него. Само со ваква преродба на клучните играчи на политичката сцена, може да размислуваме кон подобра иднина. Доколку ова го реализираме, можеме да размислуваме за планови, проекти и стратегии кои ќе ни го подобрат образованието, судството, здравтсвото и економијата.

ПОЛИТИКА: Зошто проекти?

Жарко Бошковски: Проектот сам по себе ќе решава проблем по проблем, сѐ додека конечно не стигнеме до нивото каде што ќе се чувствуваме подобро во нашата држава. Проектот ќе биде дел од стратегијата која би се поставила откако ќе се вратиме на вистинските основи.

Од тој аспект, а гледано низ призмата на прв и најнеопходен проект, е проектот за воспоставување на нов однос помеѓу политичарот и Граѓанинот. Однос во кој политичарот ќе чувствува одговорност кон оној што го избрал, а не кон лидерот на својата политичка партија.

ПОЛИТИКА: Опишете ја Македонија за 5 години од сега.

Жарко Бошкоски: Држава во која кариерата, приходите и расположението на граѓаните не зависат од однесувањето на политичарите, туку спротивно.

фото: Македонски концепт

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања