„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Жарко Коруноски: Реорганизација на државниот апарат и промена на законите - неопходни за да се воспостави функционален државен систем, кој пред се, би важел подеднакво за сите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
korunoski

Интервју со Жарко Коруноски – Македонски Концепт“, кандидат за листа на пратеници за ИЕ 4

— реклама —

Жарко Коруноски е дипломиран машински инженер. Високото образование го завршува на УКИМ, Машински Факултет, Скопје. По завршувањето на факултетот професионално работи и се надградува во повеќе компании, од кои ги издвојуваме: „Еуроинвест 11 Октомври“ – Прилеп, како заменик носител на проект, „Металец“П – Прилеп како Раководител на развој, „Макро“ –  Прилеп, како Заменик директор, „Центропромет“ – Прилеп како Помошник директор, за економско финансиски прашања, по што во 1998 година го основа „ТехновестМк“ каде освен како основач тој е и менаџер од почетоците, па сѐ до денес. Од 1994 година започнува да се занимава и да ја развива интернационална трговија со компании од: Турција, Бугарија, Албанија, Србија и Босна и Херцеговина. Оваа негова активност овозможува реализација на повеќе договори за трговија и застапување на повеќе познати брендови, во и надвор од Македонија, од кои поважни се: „Декортекс“ од Радовиш, продажба на мебел штоф на територија на Босна и Херцеговина и „ДИПО“ Дрвна индустрија од Подградци, Босна и Херцеговина, а која подразбира продажба на мебел на територија на Македонија.

Во 1999 година започнува со изградба на стопански комплекс – Погон за производство на мебел во Прилеп. Во тој комплекс, на површина од преку 1000 м2 инсталира повеќе од 30 машини, но и гради комплементарни објекти неопходни на негова целосна функционалност, и тоа: сопствена трафостаница, салон за мебел, магацин, котлара, компресорска станица, лакирница, канцелариски дел и сл.

— реклама —

Од 2004 година започнува производство на дрвен, корпусен и тапациран мебел за домаќинства, угостителски и хотелски објекти на територијата на Македонија и неколку држави од Европа, а од средината на 2019 година води активни преговори за соработка со сродни компании од Англија, Белгија и Шпанија.

Во Агенцијата за претприемаштво Жарко е регистриран советник – специјалист за Оптимизација на производство и Планирање и контрола на производство.

Паралелно со производните и развојните активности, се занимава и со иновативни активности. Имено, првите патенти кои се заштитени во заводот за индустриска сопственост, се регистрирани токму од Жарко, а нивната применливост настапува дури по инсталирањето на технологија за производство на мебел во сопствените производни погони во Прилеп во 2004 год. Од тогаш, па до денес, Жарко има осмислено вкупно седум иновативни технологии во функција на дрвната индустрија и тоа:

1.Искористување на дрвените отпадоци за енергетски потреби за погон за производство на мебел.

2.Полуавтоматски задвижуван тунелски фен систем за сушење на боени и лакирани парчиња во погон за производство на мебел.

3. Полуавтоматска машина за режење на трупци од меко, тврдо и замрзнато дрво во погон за производство на мебел.

4.Мултифункционална, автоматска, енергетски ефикасна ЦНЦ технологија за обработка, хемиско третирање и сушење на плочести елементи за производство на мебел.

5. ЦНЦ технологија за плазма режење на метали со двострана аспирација на штетните испарливи гасови ослободени при обработката.

6.Фибер ласерска технологија со портален додавач за 2Д сечење на различни материјали во погон за производство на мебел и

7.Согорувач на хемиски честици, ЦПФ, од лакирница во погон за производство на мебел.

Како иноватор и успешен претприемач, добитник е на значаен број на грантови од домашни и странски финансиски фондови, што е потврда за неговата постојана желба за напредок, креативност и иновативност, а во насока на заштеда на финансиски средства, подобрување на условите на работа на вработените, олеснување на процесот на производство, постигнување на конкурентни цени во индустријата, претворање на дрвената био-маса во енергенс и секако, заштита на човековата околина.

ПОЛИТИКА: Кој е вашиот личен мотив да се приклучите на МК Концепт?

Жарко Коруноски: Да бидам глас на разумот кој сите свои капацитети ќе ги насочи кон активностите кои се неопходни да му помогнат на македонскиот народ да излезе од ова секојдневие и да почне да размислува за подобра иднина.

ПОЛИТИКА: Дали е ова Ваш прв политички ангажман?

Жарко Коруноски: Да.

ПОЛИТИКА: Што според Вас е пресудно за подобра иднина на државата?

Жарко Коруноски: Стопирање на сите криминогени активности на постојните политички фактори, кои освен што ги менуваат позициите на власт, не се занимаваат со проблемите и потребите на обичниот граѓанин на оваа држава.

Кои се приоритетите кои политичкиот фактор треба да ги преземе со цел да направи некаква промена во Македонија?

Реорганизација на државниот апарат и промена на законите, при што за секој сторен криминал би се вовеле ригорозни санкции. Неопходно е да се воспостави функционален државен систем, кој пред сѐ би важел подеднакво за сите.

ПОЛИТИКА: Која компонента од она што го нуди МК концепт, за Вас има најголемо влијание како граѓанин на Македонија?

Жарко Коруноски: Проектите. Тие се клучниот елемент кој оваа политичка платформа ја издвојува од сите останати. Овој пристап освен што е иновативен, не прави разлика или селекција од аспект на тоа кој, како и кога креирал или предложил некаков проект. Единствен критериум е одржливоста и корисноста на идејата и решението, и тоа гледано само од аспект на креирање на подобра иднина на македонскиот граѓанин.

ПОЛИТИКА: Како вие лично ќе придонесете кон промените кои ги предлага Македонски Концепт?

Жарко Коруноски: Своите свои патенти, иновативни идеи и решенија, безрезервно ќе ги понудам кон платформата на проектите кои Македонски Концепт ќе ги промовира или имплементира, или истите ќе ги даде на располагање на индустрискиот сектор во Македонија, со што оваа Држава ќе створи реални можности за забрзан развој и подобрени економско развојни услови. Секако, при имплементацијата на овие идеи, патенти и проектни решенија, на располагање се ставам и себе си со својата безрезервна поддршка, да помогнам во секоја сфера каде за тоа постојат услови и потреби.

ПОЛИТИКА: За што ќе се залагате доколку добиете прилика да учествувате во управувањето со процесите во државата?

Жарко Коруноски: За враќање на довербата на народот во нивните легитимно делегирани застапници кои ќе учествуваат во законодавната и извршната власт. Тоа може да се постигне само со чесност, транспарентност и искреност. Верувам дека Македонски Концепт поседува капацитети кои се подготвени за ваков пристап и однесување, во случај кога би станале носители на функции во законодавната и извршната власт.

ПОЛИТИКА: Зошто проекти?

Жарко Коруноски: Тоа е единствен начин да почне во Македонија да се чувствува промена на добро.

ПОЛИТИКА: Опишете ја Македонија за 5 години од сега.

Жарко Коруноски: Држава со силна трета политичка опција, која ќе почне да делува и да прави разлика на политичката сцена. Тоа би бил повеќе од доволен аргумент, кој би го отпочнат процесот на коренити промени на ова денешно општествено окружување.

фото: Македонски концепт

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања