Промени тема
Контакт

Засега нема лабораториски доказ дека стомачните тегоби се од водата, ама не ја пијте, им рече гостиварскиот градоначалник на жителите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryo01aiv6pgpe638a5bm1
Facebook

Градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, се огласи по воведената привремена забрана за користење на водата за пиење од градскиот водовод, повикувајќи ги граѓаните да ја почитуваат мерката и да се информираат исклучиво од официјални извори.

Во објава на социјалните мрежи, Лимани наведува дека според редовните анализи што ги спроведувало ЈП „Комуналец“, досега испитаните примероци покажувале дека параметрите на водата биле во рамките на законски дозволените вредности.

Тој посочува дека по добиената пријава, Јавното обвинителство, полицијата и другите надлежни институции извршиле дополнителен увид и земале нови примероци за лабораториско испитување.

„До објавувањето на официјалните резултати, по препорака на Агенцијата за храна и ветеринарство, воведена е привремена забрана за користење на водата за пиење и за подготовка на храна. Апелирам оваа мерка целосно да се почитува. Таа е превентивна и е донесена заради заштита на здравјето на граѓаните“, наведува Лимани.

— реклама —

Во однос на тврдењата дека дошло до мешање на канализациска и водоводна вода, градоначалникот вели дека информациите од ЈП „Комуналец“ укажуваат оти на посочената локација нема канализациска мрежа, но додава дека сите наводи се предмет на проверка и дека конечната оценка ќе ја дадат надлежните институции.

— реклама —

Лимани истакнува и дека во моментов нема официјален медицински или лабораториски доказ дека пријавените стомачни тегоби се предизвикани од водата од градскиот водовод.

„Причината мора да се утврди стручно и врз основа на релевантни анализи“, наведува тој.

— реклама —

Според градоначалникот, Општина Гостивар е во постојан контакт со сите надлежни институции и целосно соработува во постапката, а официјалните резултати ќе бидат јавно објавени веднаш штом бидат достапни.

„Ги повикувам граѓаните да останат смирени, да ја почитуваат привремената забрана и да се информираат од официјални извори. Во вакви моменти, одговорноста на институциите е да ги утврдат фактите, а одговорноста на сите нас е да не шириме непроверени информации“, порача Лимани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryno2cr484o2iv89WDivZ

Поранешната директорка на „Комуналец“, Артана Асани од затворски во куќен притвор, продолжува истрагата за загадената вода во Гостивар

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
glass-water-macro-shot

Жителите на Гостивар ослободени од плаќање на сметката за вода за август

Македонија | пред 3 седмици

voda

Прекината е епидемијата во Гостивар, нема нови случаи поврзани со водата

Македонија | пред 1 месец

media-libraryi9pe6n6qkgee6onAiAv

Ангелов: Истече кризната состојба во Гостивар, водата е чиста и безбедна за пиење

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања