Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Засилени контроли на АХВ во Липково, поради појава на сипаници кај овците и козите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
antraks-ovci

Во МЗШВ, министерот Цветан Трипуновски и директорот на АХВ Оливер Миланов се сретнаа со одгледувачи на овци за состојбата со сипаници кај овци и кози во општина Липково. Апелираа на строго почитување на мерките и движење на животни само со ветеринарно-здравствен сертификат, а при симптоми да се пријави веднаш. Се спроведуваат мерки во заштитна зона од 3 км и зона под надзор од 10 км. Извозот на јагнешко и пастеризирани млечни производи не е загрозен, дозволено е движење кон кланици, но остануваат рестрикции за живи животни и добиточни пазари; нови мерки се очекуваат средината на идниот месец.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Денеска, во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерот Цветан Трипуновски, заедно со директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов остварија средба со одгледувачите на овци.

— реклама —

 На средбата се разговараше за актуелната епидемиолошка состојба со болеста сипаници кај овците и козите во о. Липково, Кумановско.

 Со цел да се спречат нови жаришта на територијата на државата, неопходно е одгледувачите на овци да се придржуваат кон пропишаните контролни и заштитни мерки за спречување на ширењето на болеста, донесено од страна на Агенцијата и движењето на животните да биде со издаден ветеринарно - здравствен сертификат од надлежното ветеринарно друштво. Доколку сточарите забележат некои симптоми или нагли промени кај животните, вклучително и зголемена смртност, да ги известат ветеринарните друштва и Агенцијата за храна и ветеринарство.

— реклама —

 Надлежните институции спроведуваат контролни и заштитни мерки во заштитната зона во радиус од 3 километри и во зоната под надзор во радиус од 10 километри околу одгледувалиштата каде што е потврдена болеста, со цел навремено информирање на сточарите за појавата и ширењето на болеста.

 Дополнително, на средбата беше истакнато дека извозот на јагнешко месо, производи од јагнешко месо и производи од млеко добиено од овчо млеко кои биле подложни на пастеризација не е доведен во прашање, движењето на животните од одгледувалиштата кон кланичните капацитети не е забрането, додека во сила остануваат рестрикциите за движење на живи животни и за работа на добиточните пазари. Во зависност од развојот на епидемиолошката состојба на терен се очекува кон средината на идниот месец да бидат донесени нови заштитни и контролни мерки за справување со болеста.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library3qgbs5j9b8377Y2TIOV

Хорор во Липково! 16-годишно девојче месеци злоупотребувано од група од 17 луѓе

Македонија | пред 2 месеци

Pozar-nikustak

Пожарот кај Никуштак го гаснат ер-трактори

Македонија | пред 6 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-45-4430PM

Во Лојане пронајден повреден мигрант; тврди дека бил нападнат во Србија

Македонија | пред 6 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-04-0670PM

Едногодишно дете од Липково хоспитализирано поради труење со лекови – полицијата ја истражува инцидентната ситуација

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања