Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Засилени полициски контроли во Штип и Тетово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Изминатиот викенд на подрачјето на СВР Тетово и СВР Штип беа спроведени засилени акциски контроли за возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.

На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово во акциската контрола биле контролирани 127 возачи, 82 во Тетово и 45 во Гостивар, при што било констатирано дека 11 лица ги управувале возилата под дејство на алкохол. Сите лица биле исклучени од сообраќај и  времено им се одземени возачки дозволи, а изготвени им се и мандатни платни налози. Во акциската контрола биле констирани и над дваесетина други видови прекршоци, кои се соодветно санкционирани.

— реклама —

Во акциската контрола на 10/11.11.2018 година на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Штип контролирани биле 186 возачи при што кај 23 возачи констатирано е  присуство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај, времено им се одземени возачките дозволи и издадени им се мандатни платни налози. Eвидентирани се и 12 други сообраќајни прекршоци и за нив се издадени соодветни санкции.

— реклама —

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилени акциски контроли со цел санкционирање на сообраќајните прекршоци и подобрување на безбедноста во сообраќајот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања