ВО ЖИВО

Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе

Засилени сообраќајни контроли во Скопје: Изречени 514 санкции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
Policija-1-1

Министерството за внатрешни работи од вчера почна со спроведување на засилени акциски контроли за санкционирање на непочитувањето на сообраќајните правила и прописи, во Скопје, но и на територијата на целата држава, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција.

— реклама —

„Се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици, како што се управувањето на возило под дејство на алкохол, возење со брзина над дозволената, недавањето првенство на минување на возила и пешаци и сл. Во урбаните средини, заради обезбедување на поголема проточност на сообраќајот, ќе има засиленото присуство на сообраќајната полиција и “пајак“ возилата. Исто така, најригорозно ќе бидат санкционирани возачите на мотори кои возат спротивно на прописите и ги вознемируваат граѓаните во доцните вечерни часови“, рече Ангеловски.

— реклама —

Портпаролот на МВР апелираше до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, не за да го избегнат плаќањето на казните туку, пред се, за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

„Во текот на вчерашниот ден на територијата на Скопје изречени се вкупно 514 санкции, меѓу кои  возење без возачка дозвола 30 лица, прекорачување на дозволената брзина на движење 87 прекршоци, нерегистрирани возила 18, 36 санкционирани мотоциклисти и четири одземени мотори, а изречени се и 169 санкции за неносење на заштитна маска“, соопшти Ангеловски, кој потенцира дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања