Промени тема
Контакт

Застануваме зад Украина, ќе помогнеме со нашите можности и капацитети, вели Маричиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
maricic-2

Ние отсекогаш сме биле за дипломатско решение, разговори и против војна. Затоа застануваме со Украина сметајќи дека оваа воена агресија на Русија ќе донесе несреќа, жртви и нестабилност во Европа, изјави вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ за Македонското радио.

Тој додаде дека Македонија како членка на НАТО и кандидат за членство во ЕУ, во координација со сојузниците застана на страната на Украина и понуди помош.

— реклама —
— реклама —

-Ќе помогнеме со нашите можности и капацитети. Нам ни е важен нашиот интерес да опстои безбедноста, сигурноста и стабилноста на Европа и нашиот регион, изјави Маричиќ. Вицепремиерот кажа дека оваа ситуација ќе има импликации врз ресурсите во Европа, но потенцираше дека државните резерви во земјава се во добра состојба.

— реклама —

-Сите проблеми околу испораката на електрична и топлинска енергија беа поврзани со овие случување. Но, со преземените чекори од Владата и вложувањата од буџетот за покривање на овие трошоци не дозволивме голем ценовен шок. Оваа криза ја предвидовме и правевме напори. Владата ја следи ситуацијата од ден на ден и презема чекори со директна интервенција од буџетот за граѓаните да не ги почувствуваат последиците, рече Маричиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 10 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 10 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања