Судот го ослободи од кривична одговорност екс премиерот Никола Груевски за предметот на СЈО, Траекторија. По барање на неговиот адвокат по службена должност, Горан Кркински, заради апсолутна застареност побарал прекинување на постапката за Груевски.
Сега од државниот буџет Судот треба да ги плати трошоците за постапката во делот за Никола Груевски, ангажираните адвокати досега, како и за адвокатот ангажиран по службена должност.
Во овој случај, освен Груевски, обвинет е и неговиот близок соработник, Владимир Пешевски, Миле Јанакиески и екс директорот на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски.
фото: Архива