Заталкан куршум оштети возило во тетовско

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Kursum

Жител на Тетово пријавил ноќеска во полицијата дека е оштетено возило од заталкан куршум на негов пријател кој паркирал во дворот во населбата Дреновец, по што е утврдено дека истрелот е во соседството каде имало веселба.

— реклама —

-Било оштетено патничко моторновозило “голф 4“ со тетовски регистарски ознаки, паркирано од Р.А. (41). Во дворното место од куќата на пријавителот имало неколку лица, кои слушнале истрели од огнено оружје, по што забележиле дека возилото било оштетено на хаубата, информира СВР Тетово.

Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Тетово.

— реклама —

-Во близина на возилото било пронајдено едно зрно од оружје, кое било подигнато за понатамошна постапка. Со лицата кои биле присутни извршен е разговор, кои изјавиле дека истрелите од огнено оружје се слушале од кај куќата на Л.Н. кој имал семејна веселба, соопштуваат од полиција

За настанот бил известен Јавен обвинител и сега сепреземаат мерки за расчистување на случајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања