Затворени два угостителски објекти во Кочани поради непочитување на Ковид мерките

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
policija-i-inspekcija-2

На 29.12.2020 во 18.35 часот, полициски службеници од ОВР Кочани извршиле контрола на угостителски објект во с.Облешево, при што биле затекнати неколку лица и сопственикот и било констатирано непочитување на мерките на Владата на Република Северна Македонија, односно не било почитувано работното време. По комплетирање на случајот против одговорното лице ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

— реклама —

На 30.12.2020 во 00.32 часот, полициски службеници од ОВР Кочани извршиле контрола на угостителски објект на ул.„Димтрие Лазаров“ во Кочани, при што биле затекнати неколку лица и било констатирано непочитување на мерките на Владата на Република Северна Македонија, односно не било почитувано работното време. По комплетирање на случајот против одговорното лице ќе биде поднесена кривична пријава по член .206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања