Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Затворени објекти во Дебар, Кичево и Охрид, работеле по дозволеното време

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
policija-i-inspekcija-3

На 09.01.2021 во 19.20 часот при извршена контрола во угостителски објект во Дебар, сопственост на Д.С. од Дебар од полициски службеници од Полициска станица Дебар во координација со Државниот пазарен инспекторат објектот е затекнат отворен и во него имало осум лица од кои и двајца малолетници, при што лицата се лишени од слобода, а малолетниците во присуство на родител се повикани во Одделение за внатрешни работи Дебар за понатамошно постапување. По документирање на случајо ќе следат соодветни поднесоци.

— реклама —

На 09.01.2021, полициски службеници и инспектори од Државниот пазарен инспекторат, извршија контроли во угостителски објекти во Кичево. Притоа, констатирано е дека еден угостителски објект во Кичево, не ги почитувал протоколите за работа на угостителски објекти поради што, од страна на Државниот пазарен инспекторат истиот е затворен.

На 09.01.2021 во 21.00 часот при контрола на угостителски објект во населба Св.Стефан во Охрид од полициски службеници од СВР Охрид во координација со Државниот пазарен инспекторат, констатирано е дека објектот работел после 18.00 часот и во истиот биле затекнати пет лица, при што околу 22.00 часот, пред угостителскиот објект бил приведено лице од  Охрид бидејќи го нарушил јавниот ред и мир. Од Државниот пазарен инспекторат се преземени соодветни мерки за затворање на угостителскиот објект, а против пријавеното лице ќе биде поднесена соодветна пријава.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања