Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Затворени угостителски објекти во Скопје, сопствениците приведени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
Policija-i-inspekcija

На 27.12.2020 во временскиот период од 16:00 до 23:00 часот на подрачјето на СВР Скопје во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршени се зајакнати контроли во угостителски објекти при што се контролирани 297 објекти. Од преземените мерки и активности констатирани се непочитувања на законите на подрачјата на ПСОН Бит Пазар, ПО Сарај и ПС ОН Аеродром и објектите се затворени,а ќе следуваат и соодветни кривични пријави.

— реклама —

На 27.12.2020 во 18:20 часот во објект на ул.Отокар Кершовани, сопственост на А. Ш. ,затекнати се гости, по што објектот е затворен од ДПИ, а против сопственикот ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од КЗ.

— реклама —

На 27.12.2020 во ресторан во с.Бојане сопственост на Б.Б. биле затекнати околу 80 гости, кои присуствувале на прослава. Прославата е прекината во 16:30 часот, по што од страна на ДПИ објектот е затворен, а ќе следува и соодветна кривична пријава.

— реклама —

На 27.12.2020 година во 19 часот во угостителски објект на ул.Венијамин Манчуковски се затекнати 9 лица-гости и објектот е затворен од страна на ДПИ, а одговорното лице Ј.Н. е приведено и ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања