Затвореник требало да заработи 45.000 евра во затворот „Идризово“, но го фатија и го гонат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
2

На 12.12.2022 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал - Сектор за криминалистички истраги - Единица за недозволена трговија со дрога презеде мерки и активности во Казнено-поправната установа Идризово, во врска со Р.С. од с.Љуботен, скопско, осуденик кој издржува казна затвор во установата.

— реклама —

Имено, на 12.12.2022, користејќи поволност за дозволено користење на излез од казнено-поправната установа, при враќање во затворот Р.С. се обидел да внесе хероин, со висока чистота, спакуван во две пресувани коцки, со вкупна тежина од половина килограм, кој при претрес од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога, во координација со затворската полиција на КПУ Идризово, бил пронајден и одземен. Пронајдената дрога во чиста форма би достигнала вредност од околу 8.000 евра на големо, а подготвена во пакувања за поединечна продажба и до околу 45.000 евра.

— реклама —

Од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога известен е Јавен обвинител од ОЈО Скопје, извршено е вештачење на дрогата од страна на Одделот за криминалистичко-технички истраги и вештачења, а во текот на денешниот ден ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело предвидено во член 215 од Кривичниот законик.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања