Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Затворот „Идризово“ бара командирите и дома да добијат обезбедување оти за три месеци изгореа шест нивни автомобили

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Затворот „Идризово“ бара командирите на смена и чуварите од затворската полиција да добијат обезбедување додека се дома оти постојано добиваат закани, а во последниве три месеци во подметнати пожари изгореа шест нивни автомобили. Директорот на затворот Зоран Јовановски за „Макфакс“ вели дека веќе разговарале со претставници од Министерството за внатрешни работи за продлабочување на соработката.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

„Побаравме обезбедување и ја разгледуваме можноста командирите да добијат обезбедување додека се дома. Закани добиваат постојано и за нив тоа и не е толку страшно оти знаат каде работат, во затворот меѓудругото беше прогласена кризна состојба, но тешко и стресно е за семејствата. Ова го бараме за да ги заштитиме токму семејствата. Сите пожари на автомобиле беа дома кај вработените затоа бараме сите што добиваат закани, што се на изложените места во затворот, да добијат обезбедување дома“, вели директорот Јовановски.

— реклама —

Иако немаат доволно вработени, Јовановски вели дека се подготвени да учествуваат и да го делат обезбедувањето на домовите на вработените со полицијата.

Тој потврди дека во последниот пожар, пред два дена, вторпат изгоре автомобил на нивен командир.

— реклама —

Во пожар почнаа да горат автомобили на вработени во затворот во средината на април, годинава. Тогаш изгоре и службениот пасат на заменик-директорот на затворот, Феми Јонузи, кој си заминал дома со службеното возило.

Министерството за внатрешни работи во соработка со Обвинителството се уште ги истражува сите шест случаи на опожарени возила.

— реклама —

„Во изминатиот период во СВР Скопје евидентирани се шест пријави за опожарени возила на лица кои работат во Затворската полиција, конкретно во КПУ ‘Затвор Идризово’. За сите случаи преземени се сите неопходни мерки и активности во координација со јавен обвинител и по негови насоки се преземаат дополнителни мерки и активности за нивно целосно расчистување“, велат од МВР.

За барањето за обезбедување на домовите на изложените затворски полицајци, дополнително ќе известат. Од 8 јуни, кога беше прогласена кризна состојба во затворот „Идризово“ поради спречување на безбедносни закани, за одржување на редот во затворот на затворската полиција и помагаат полицајци од Министерството за внатрешни работи и војници од Армијата. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски минатата недела се пофали дека откако тие заедно со Армијата помагаат во „Идризово“, драстично се намалил бројот на разбојништва и на кражби и на територијата на општина Гази Баба, но и на територијата на градот Скопје, што им укажало дека се регулираат и бегствата од затворот.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања