Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Затворски полицаец во Струмица фатен при обид за продажба на кокаин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 15 минути -

Македонија
media-libraryuaa4p7g0qn5r6ysdLc4
Илустрација / Скопје1

Затворски полицаец од Струмица е осомничен за продажба на кокаин, откако бил затекнат во близина на затворот при обид да продаде дрога на друго лице додека бил на работа.

— реклама —

Според информациите од МВР, 50-годишниот Р.С. бил лишен од слобода на 21 ноември 2026 година. При проверката кај него биле пронајдени три пакувања со кокаин, а при претресите на неговиот дом и службените простории што ги користел во затворот биле откриени дополнителни количества кокаин, марихуана и дигитална вага.

— реклама —

Во службен ормар што го користел пријавениот биле пронајдени и куршуми за пиштол, во количество поголемо од она што му било задолжено за службена употреба. Полицијата открила и паричник за кој било утврдено дека потекнува од кражба пријавена истиот ден.

— реклама —

СВР Струмица поднело кривична пријава против него за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, недозволено изработување и тргување со оружје и експлозивни материи, како и за кражба.

— реклама —

По приведувањето, Р.С. бил задржан во Полициската станица Струмица, а потоа изведен пред надлежен судија, кој му определил притвор во траење од 30 дена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library7rdsc9pt7s0s8oy3ygH

Српски државјанин „летал“ со 158 км/час каде дозволената брзина е 80 км/час, приведен на Табановце

Македонија | пред 39 минути

— реклама —
media-library72q79m3lccl70doF8Za

Гостиварец со 1,92 промили алкохол во крвта со „бмв“ излетал од патот кон Стража

Македонија | пред 51 минута

media-libraryi2jjk0075tur6rBG75F

Приведен 31-годишник од Челопек за издржување едногодишна затворска казна

Македонија | пред 2 часа

polov-napad-dete

Го навредувал па се обидел да го нападне сопственото 13-годишно дете со стаклен предмет – кривична пријава за маж од Делчевско

Македонија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања