„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Затворските полицајци излегоа на протест: „Бараме под итно да се реши нашиот проблем“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
zatvor-10

Откако Коле Ганзовски ја раскажа својата приказна за Сител, на протести излегоа и триесетина други затворски полицајци, кои исто како и него, иако исполнуваат услови за пензионирање, веќе три месеци се без пензија. Причината е што во последните измени на Законот за извршување на санкции од мај годинава за нив не е определен коефициент за пресметка на пензија. Според тоа, во Пензискиот фонд нема начин како да го пресметаат износот на нивната пензија. Своето незадоволство од неодговорноста на институциите го искажаа на протест пред Министерството за правда. Бараат од надлежните во најкус можен рок да ги решат нивните предмети, бидејќи во меѓувреме, откако добиле решение за престанок на работен однос по основ на пензионирање, тие немаат ниту пензија, ниту здравствено осигурување.

— реклама —

“Бараме под итно да се реши нашиот проблем. Во спротивно, спремни сме да излеземе на помасовен протест со нашите фамилии“, изјави Зоран Велковски од Независниот синдикат на полицијата.

Од Владата велат дека работната група за изменување и дополнување на Законот веќе го разгледува проблемот.

— реклама —

“За да се надмине настанатиот проблем, којшто произлезе со имплементација на новиот Закон за извршување на санкциите, по истиот ќе биде постапено согласно сите одредби кои не се усогласени согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со цел надминување на проблемите”, пишува во соопштението од Владата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања