Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Завојуваа Лефков и Апасиев, откако пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ ја спомена сопругата на лидерот на Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
apasiev-sobranie

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со остра критика кон Миле Лефков, кој вчера на прес обвини дека неговата сопруга Тамара Јованов Апасиева добивала финансии преку европската програма „Еразмус+“ со поддршка на тогашната влада на СДСМ.

— реклама —

Апасиев вели дека средствата се европски, а не буџетски пари и дека нападите од страна на ВМРО-ДПМНЕ претставуваат обид за дискредитација. „Сопругата учествувала во европски академски проекти со сопствен капацитет, а не преку политички договори,“ напиша тој во својата реакција.

— реклама —

-ВМРОВЦИ, ВИ СЕ СМЕЕ ЦЕЛА АКАДЕМСКА ФЕЛА.

— реклама —

ДПМНЕ, со сиот памет, преку полуписмениот Миле Лефков (кој btw уште е борчлија кај газда Деко од дискошталата во Кочани за гага пиење) – денес одржале прес-конференција на која ја спомињале жена ми за учество во европски Еразмус проекти, ваљда на Универзитетот во Јанина (Грција) – платени не со македонски/буџетски, туку со европски пари!?

Ах бре торлак. Да речеш дека СДСМ давала пари на Тамара за академска работа е исто ко да речеш дека ВМРО сега ни го плаќа породилното за детево, оти директорот е од вашата партија!? Ама багра вмровска – толку конта, толку разбира.

А шта се тиче до жена ми – она, куриња, е по мада-фака од многу ваши штабски професорчиња спопикани по факултетиве со купените дипломи. Службено прошетала цела Европа и пола свет! Била визитинг професор во Шпанија и Бања Лука, течно говори три светски јазика (ниво C1), има објавено преку сто трудови (многу со импакт фактор), автор е на рецензирани книги и учебници по маркетинг и е член на мал милион уредувачки одбори на симпозиуми, конференции и научни списанија низ цел свет. Не е ова од вашите „селски учителки“ шо си ги фаќате за швалерки откако ќе ги вработите, ви текнуе.

Затоа, ој таму легнете си со жените и не паламудете ногу низ етеров, оти само покажувате дека немате врска од академска работа. Затоа, го молам присутниот вмровски џган, да не се бламира поише и у иднина да не не' става в уста.

p.s. А на Милета, кажете му дека „ЕраЗмус“ на латински се пишуе со С., напиша Апасиев.

Лефков вчера порача дека токму од Националната агенција за Еразмус+, кога со неа управувал кадар на СДС, сопругата на Апасиев добивала средства. „Додека Апасиев пред камерите глуми противник на СДС, зад затворени врати неговиот семеен круг бил дел од системот кој го водела власта на СДС, добивал финансии и уживал привилегии,“ изјави Лефков.

Тој додаде дека останува прашањето дали станува збор за политички договор меѓу СДС и Левица и дали Апасиев е „купен“ со парите од Еразмус+ за да одработува за СДС.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања