Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Завршен е модуларниот центар во Велес, болниците во државата со двојно поголеми капацитети на инфективните одделенија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
bolnica-modularna

Министерството за здравство информира дека модуларниот центар при Инфективниот оддел на Општата болница во Велес наскоро ќе биде пуштен во функција. Ова е уште еден од 19-те модуларни центри кои се поставуваат во 16 општини низ државата, со цел зголемување на капацитетите на инфективните одделенија.

— реклама —

Модуларниот центар во Велес е со површина од околу 700 м2 и капацитет од најмалку 47 болнички легла и следните функции: клинички услуги за тријажа и проценка на здравствената состојба на лицата кои влегуваат во установата, прием и регистрација, тестирање и дијагностика, вклучувајќи лабораторија, рентген и ЕХО дијагностика, безбедно чување и дистрибуција на лекови за пациентите како и административни и простории за персонал, сместени во чистата зона.

 

— реклама —

 

До овој момент, целосно се завршени девет модуларни центри во Гевгелија, Струмица, Кичево, Струга, Куманово, Гостивар, Штип, Велес и Охрид. До крајот на месецот треба да заврши изведбата и опремувањето на центрите во Охрид, Кавадарци, Битола, Прилеп, Тетово, Дебар, болницата во Козле. Дополнително, во Ресен ќе се почне со изведба на модуларната болница која треба да биде готова во месец март.

Сите клинички и општи болници ширум државата добија двојно поголеми капацитети на оние кои веќе ги имаат во постојните инфективни одделенија, подигната е болничка инфраструктура од над 10.000 м2, комплетно опремена со инвентар, не-медицинска и медицинска опрема или над 650 нови болнички легла на ниво на територија на Република Северна Македонија.

фото: МЗ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања