„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Заврши 19- от меѓународен натпревар „Охридски бисери“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Ohridski_biseri_08312020002

Советникот  во  Советот на Општина Охрид, Мишел Силјановски во црквата Св. Софија присуствуваше на концертот со којшто се означи крај на годинешниот интернационален музички натпревар „Охридски бисери“.

— реклама —

Силјановски  ја додели „Златната маска“  што општина Охрид секоја година ја подарува на најдобриот музичар во натпреварувачкиот дел со уверување дека и во иднина локалната власт ќе поддржува вакви музички случувања.

– Огромно е задоволството да се присуствува на вечерашниот концерт со кој се крунисуваат најдобрите музички таленти  на интернационалниот натпревар  „Охридски Бисери“ што изминативе неколку дена се одржуваше во Охрид.   Културното  наследство изразено преку музиката  претставува импозантна лична карта на секоја земја во Светот.  Токму затоа  вакви средби се особено значајни за сите нас,  затоа што преку нив се промовира и негува културното богатство и традиции кои се пренесуваат од генерација на генерација. Иднина имаат само државите кои во континуитет се придржуваат кон историското наследство во сите облици. Токму затоа овие културни случувања имаат особено значење за сите нас. Високите  професионални стандарди кои се пропишани  за учесниците на овој меѓународен натпревар  влијаат на сериозноста на меѓународните натпревари  како  и на неопходноста за високо реноме на членовите на жирито .  Натпреварувајќи се во дисциплините, виолина, пијано и  камерна музика младите учесници   ја потврдија моќта на музиката која ги руши сите бариери. Сите тие беа многу добри во своите настапи, а на првиот меѓу најдобрите  ќе му ја подарам оваа „Златна Маска “ во знак на внимание од Општина Охрид која и понатака ќе продолжи да ги  подржува ваквите културни случувања кои ја збогатуваат туристичката разгледница на Охрид – рече Силјановски .

— реклама —

„Охридски бисери“  годинава се одржува по 19-ти  пат и е единствен меѓународен натпревар, член на меѓународната асоцијација ЕМСИ -Европска асоцијација на музички натпревари, од 2005 година, во која членуваат педесетина други натпревари од 30 европски земји. Токму членувањето во ова здружение го издвојува натпреварот  „Охридски бисери“ во однос на бројни други натпревари кои се одржуваат во нашата земја и во регионот. Идејата на асоцијацијата ЕМСИ уште од основањето, 1970 во Брисел, е афирмација на посебно надарени млади уметници и нивна промоција на професионалните концертни подиуми во Европа и во светот. Таа се остварува и преку организирање на семинари и мастеркласи со еминентни педагози и репродуктивни уметници, концертни турнеи, настапи со оркестри и вредни стипендии од универзитети во Европа и САД.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-03-27-at-15.29.01

Николоски: Со обсмислена стратегија го развиваме охридскиот аеродром, Охрид преку Истанбул од денеска го поврзуваме со цела Европа и светот

Македонија | пред 9 месеци

kosta

Георгиески од манастирот "Свети Илија": Нека е за многу години празникот!

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

(ФОТО) Градоначалникот објави ЕКО ИНФО за изминатите 24 часа во Охрид

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Се гради ново детско игралиште на пешачката патека кон „Горица“

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања