Заврши деветтото „На зајдисонце“ во Трпејца

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
biljana-1

Со настапот на ансамблот „Билјана“  и изложбата на  дел од создадените дела на минатогодишната Меѓународна уметничка колонија во Трпејца , синоќа беше заокружено  деветтото издание на манифестацијата „На зајдисонце“.

— реклама —

Публиката можеше да ги види делата на : Владисав Богичевиќ  и Јовица Костиќ од Ниш, Србија, Дражен Конатар од Бјело Поље , Црна Гора и нашите Ѓоко Симјаноски и Свето Стефановски.

Организаторот – Здружението „За Трпејца со љубов“ под покровителство на општина Охрид и финансиска помош на Министерството за култура и Делегацијата на ЕУ во Скопје во стандардниот термин од 20 до 28 јули понуди бројни културни и забавно – рекреативни настани кои привлекоа големо внимание  меѓу  гостите, охриѓани и мештаните.

— реклама —

Завчера  во соработка со НП „Галичица“ се одржа традиционалната прошетка по патеката „Чоколско“ а вечерта со голем успех настапи охридскиот бенд „Броз“ .

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања