Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Заврши главното ТИМСС-тестирање во основни училишта , како поминавме? затоа што на пробното бевме слаби

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
big_1538575523__testiranje-logopeda

Во Македонија заврши главното меѓународно тестирање ТИМСС - TIMSS (Trends in International Mathematics and Science Study), кое во април и во мај се реализира во 150 основни училишта во државата со 4.000 ученици од четврто одделение, избрани по случаен избор. Тестовите ќе почнат да се оценуваат од идната недела, а конечните резултати ќе бидат објавени следната година, кога ќе заврши тестирањето во сите 70 држави во целиот свет што се дел од оваа обемна студија. Пробното тестирање во септември лани покажа слаби резултати. Но тоа не значи дека и оние на главното ќе бидат такви зашто пробното се изведува во мал број училишта, објави deca.mk.

— реклама —

TIMSS (Trends in International Mathematics and Science Study) е меѓународна студија по математика и по природната група предмети (физика, хемија, биологија и географија) која ги мери знаењата и способностите на учениците по математика и по природната група предмети (физика, хемија, биологија и географија) во IV и во VIII одделение.

— реклама —

Бети Ламева од Државниот испитен центар (ДИЦ), национална координаторка на ТИМСС за deca.mk вели дека со учеството во оваа студија ќе се добијат многубројни податоци за нашиот образовен систем, за наставните програми и наставниот процес, за постигнувањата на учениците, работата на наставниците, сознанија за социо-економските и образовните фактори поврзани со постигнувањата на учениците по математика и природни науки, а ќе може и да се споредат постигнувањата на учениците на меѓународно ниво.

— реклама —

Текстот во целост на: deca.mk

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања