Заврши кампањата на Град Скопје за бесплатно подигање остатоци од берба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
120315389_3491667180879469_1987598179283697707_n

Кампањата на Град Скопје за бесплатно собирање остатоци од берба која има за цел да се спречи палењето на стрништата за оваа година заврши и даде добри резултати. Од заинтересираните граѓани кои се пријавија на телефонскиот број 071 395 395 бесплатно се подигнати околу 260 кубни метри органски отпад. Од следната година, оваа активност ќе влезе во годишната програма за работа на ЈП „Комунална хигиена“ и како услуга повторно ќе им биде достапна на граѓаните.

— реклама —

Градот Скопје и оваа година ја продолжи кампањата за бесплатно собирање на остатоците од берба за да се спречи палењето на стрништата, а со тоа да се заштити воздухот од загадување. Оваа кампања годинава го опфати целиот Скопскиот плански регион. Во кампањата се вклучи и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во делот на планирањето на периодите кога се врши бербата на различните земјоделски култури, како и Халк Банка со поддршка на промотивните активности.

— реклама —

Оваа кампања за првпат беше организирана минатата година, од Град Скопје со поддршка од УНДП и МДЦ-Ти.нет.

— реклама —

Градот Скопје е прва единица на локална самоуправа која спроведува кампања за елиминирање на палењето на нивите и стрништата, за да се намали загаденоста на воздухот, да се зачува плодноста на почвата, но и да се спречи ширењето на евентуални пожари кои неретко предизвикуваат материјални штети, а понекогаш загрозуваат и човечки животи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања