Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Заврши реконструкцијата на улицата Димитрија Чуповски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје

За помалку од 2 недели, заврши реконструкцијата на улицата Димитрија Чуповски, на потегот од крстосницата кај „Палома бјанка“ до крстосницата со булеварот Свети Климент Охридски.

— реклама —

Реконструкцијата на улицата ја најави градоначалникот Шилегов на ден 27.05.2019 година , кој додаде дека започнува градежната сезона во чии рамки во наредниот период ќе се реконструираат повеќе сообраќајници во Скопје.

— реклама —

На улицата Димитрија Чуповски се изврши комплетно отстранување на постојниот коловоз и се постави нов асфалт во три слоја. Реконструкцијата се изврши на потег во должина од 240 метри, на површина од 3.750 квадратни метри.

— реклама —

Во наредната фаза предвидена е и комплетна реконструкција на велосипедските и на пешачките патики на овој потег, од двете страни на улицата. Реконструкцијата на улицата Димитрија Чуповски ја извршија екипите на Бауер БГ, а за реализацијата на овој проект Град Скопје издвои 4.543.285 денари.

Градот Скопје продолжува да работи на намалување на сообраќајниот метеж и на зголемување на безбедноста во сообраќајот, не само преку реконструкција на улиците туку и со изнаоѓање модерни и одржливи решенија што ќе обезбедат непречено функционирање на градскиот сообраќај. 

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања