Учебната година за 270 илјади основци и средношколци и официјално заврши. Поради епидемијата на коронавирусот, наставата три месеци се изведуваше електронски. За оваа генерација се укина и полагањето на државната матура, но тоа нема да биде пречка за запишување на новите бруцоши на факултет, велат од ресорот образование.
На 16-ти и 17-ти е првото пријавување на средношколците во јунскиот уписен рок, што ќе се спроведува според протоколот, по препорака на Комисијата за заразни болести.
Во меѓувреме до 30-ти јуни трае уписот на првачињата. Дали на први септември повторно ќе бидат отворени училиштата, ќе зависи од ситуацијата со пандемијата.
фото: Архива