Завршува мораториумот на градби во Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Во Охрид ќе продолжи да се гради и урбанизира- градоначалникот уверува со умерен тек. Една година градот е под мораториум и тоа мора да се смени оти е  неопходен развој вели Стојаноски откако советниците на последната седница го одбија неговиот предлог за измени во Деталниот урбанистички план кој требаше да одобри изградба на  две нови висококатници во центарот на градот.

— реклама —

„Оваа цела година оди во мораториум, не беше донесен ниту еден урбанистички план, но тоа не значи дека имаме и урбанистички прогрес. Урбанистички планови мора да се носат и тие ќе бидат приоритетот на локалната самоуправа, но тоа не значи забрзана урбанизација.“ - вели Јован Стојаноски градоначалник Општина Охрид.

— реклама —

Урбанизацијата треба да продолжи, но со поголема контрола и не по секоја цена - едногласни се градските советници.

— реклама —

„Во центарот на градот е банално да се прави ваква урбанизација и деградација која беше пример за Охрид во минатото.“ - вели Кирил Пецаков советник ВМРО-ДПМНЕ.

„Охрид треба да се развива и урбанизира во законски рамки согласно со препораките на УНЕСКО.“ - вели Константин Георгиевски советник СДСМ.

Од една страна урбанистичките планови  години наназад се кочница и за хотелиерите кои алармираат на недостигот од нови сместувачки капацитети кои можат да го стагнираат туризмот но од друга страна пак експертите и УНЕСКО постојано предупредуваат туризмот да се развива внимателно со примена на светските стандарди за одржлив развој.

Како ќе се избори Општината со неколкуте спротивставени страни и ставови е непознато, но најавува дека во иднина пред донесувањето урбанистички планови ќе претстои јавна расправа во која меѓу другото ќе се слуша и гласот на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања