Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Захариева: ЕУ не е Југославија, нема да подлегнеме на притисок за Северна Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
zaharieva-osmani

Бугарија нема да подлегне на притисок за интеграциите на Северна Македонија, изјави за БТВ вицепремиерката и министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, по повод синоќешната средба со министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи.

— реклама —

Захариева потврди дека двајцата разговарале за претстојното свикување на меѓувладината конференција, но истакна дека датумот треба да биде објавен од двете страни.

— реклама —

„Европската Унија не работи како Југославија, таа работи поинаку и ние ѝ зборуваме за тоа на Република Северна Македонија од 2019 година. Ниту една земја членка на ЕУ, ниту пак САД може во иднина да ја притисне Бугарија да попушти и да дозволи пристапни преговори на Северна Македонија со ЕУ. Тие треба да разберат дека Европската Унија не функционира како Југославија. Никој не може нам да ни наложи што да правиме во Унијата.“ - изјави Захариева.

— реклама —

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи вчера се сретна со захариева во Софија, каде разговараа за акцискиот план за меѓусебна соработка и можноста за неговата финализација..Во пресрет на средбата, Османи соопшти дека 99 отсто од Акцискиот план со Бугарија кој се однесува само на технички детали и бизнис релации е усогласен. Но, кои се точките кои останале и кои мора да се договорат со Захариева, не се откриваат.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања