„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Захарова контра Бејли: Амбасадорот беше во Собрание и управуваше!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
Marija-Zaharova-860x680

Портпаролката на Министерство за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, со спротивно тврдење од тоа на амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, околу неговата улога во случувањата во Собрание во петокот при отворањето на Уставот за амандмански интервенции во согласност со Преспански договор.

— реклама —

„Повторно се слушаат обвинувања на сметка на Москва за мешање во внатрешните процеси во Македонија. Тоа што Метју Палмер го рече во Скопје за мешањето на Русија е смешно. Би сакале да потсетиме дека токму САД, а не Русија, уште на 19 октомври со апсолутно нечесни методи, со помош на уцени, закани, поткупувања на пратеници, ја протуркаа во Парламентот на Македонија одлуката за почеток на процедурата за измени на Уставот на Македонија. Токму американскиот амбасадир во Скопје се наоѓаше во зградата на Собрание и непосредно управуваше со тие процеси“, изјави Захарова на вчерашниот брифинг со новинарите, додавајќи дека против Преспански договор не е Русија, туку македонските избирачи, кои го покажале своето мислење на референдумот на 30 септември.

„Позицијата на Русија за името на македонската држава е непроменета: самите страни мора да најдат долгорочно решение, без надворешен притисок и наметнување вештачки рокови и услови, потпирајќи се на широка јавна поддршка и исклучиво во рамките на правната рамка и резолуцијата 845 на Советот за безбедност на ОН“, нагласи таа.

— реклама —

Бејли, пак, за ТВ 21 завчера негираше дека влијаел на случувањата во Собрание пред една седмица, а гласањето го следел дома пред телевизор.

„Јас тој ден работев во мојата канцеларија, учествував на настанот организиран од Амбасадата вечерта и, како повеќето граѓани на Македонија, го следев гласањето на телевизија од мојата дневна соба“, изјави американскиот амбасадор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања