Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Захарова: Најголем непријател на Украина не е Русија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryevn73ab5u0tf0vBNe9k
Russian Foreign Ministry's official account

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека најголем непријател на Украинците не е Русија, туку, како што наведе, „националистичкото малцинство кое ја презело власта во Киев“.

„Главниот непријател на Украинците не е Русија ниту Русите, туку националистичкото малцинство кое ја презеде власта во Киев, претворајќи ја земјата во западна марионета и туркајќи ја во корупција и неонацизам“, напиша Захарова во коментар објавен на веб-страницата на руското Министерство за надворешни работи.

Таа исто така тврдеше дека 25 руски цивили загинале во напади на украинските вооружени сили за време на примирјето што Русија го прогласила по повод Денот на победата.

„Како резултат на украинското гранатирање и нападите со дронови за време на примирјето прогласено од Русија и таканареченото псевдопримирје што го прогласи Володимир Зеленски на 5 мај, загинаа 25 руски цивили, меѓу кои и едно дете, а 209 лица, вклучително и 14 деца, се повредени“, изјави Захарова.

— реклама —

Таа додаде дека Киев, според Москва, преку „странски провокатори“ се обидел да ги наруши настаните поврзани со одбележувањето на Денот на победата во други земји.

— реклама —

„Сите овие неонацистички обиди пропаднаа“, рече Захарова.

Портпаролката на руската дипломатија се осврна и на обвинувањата дека Русија киднапирала украински деца, оценувајќи дека станува збор за „лажна антируска кампања“.

— реклама —

„Како што повеќепати сме нагласиле, и Буча и ‘киднапираните деца’ се дел од клеветничка антируска кампања заснована на лажни тврдења. Ни Киев ни Западот не се грижат за правата на децата“, изјави таа.

Русија претходно прогласи примирје од полноќ на 8 мај до 10 мај по повод одбележувањето на Денот на победата во Втората светска војна, согласно одлуката на рускиот претседател Владимир Путин.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryn0at4km4a84jamHzvVd

Поранешниот министер за одбрана ја одби понудата на Зеленски

Свет | пред 2 дена

media-library7njld19fesuabfYGi6y

Зеленски го разреши Сирски од функцијата врховен командант на украинската армија

Свет | пред 3 дена

media-library4bb6t509i29t0ECHASx

Најголемиот напад врз Киев е дел од стратегија за уништување на Украина, тврди украински автор

Свет | пред 6 дена

media-libraryf6pkd5m1jibhbEudze2

(Фото) Двоен руски напад врз патнички воз во Украина

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања