Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Жбогар: Да се донесе законот за ЈО за да се демонстрира посветеноста на европската иднина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
zbogar

Законот за јавно обвинителство треба да се донесе бидејќи со тоа ќе покажете промена на начинот на мислење од што е минимумот потребен да се направи за отворање на преговори, кон тоа како да ги искористиме максимално преговорите за промена на нашата држава за младите луѓе да не си заминат, изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар, пред почетокот на брифингот со новинари за новата методологија на Европската комисија.

Жбогар ја повтори пораката од еврокомесарот за проширување Оливер Варели за Јавното обвинителство до сите политички чинители во Скопје.

— реклама —

– Комисијата не го стави Законот за јавно обвинителство како услов, но е нешто што треба да се направи од повеќе причини. Првенствено за граѓаните да веруваат во правда и дека ќе има одговорност за кривичните дела. Бидејќи е важно за повеќе земји членки, како демонстрирање на посветеност за владеењето на провото. На крај, исто така, бидејќи сакаме да покажете промена на начинот на мислење од што е минимумот потребен да се направи за отворање на преговори, кон тоа како да ги искористиме максимално преговорите за промена на нашата држава за младите луѓе да не си заминат, изјави Жбогар.

Комисијата ја заврши својата работа, подвлече Жбогар, нагласувајќи дека има уште работи што треба да се направат и од наша страна за ова партнерство.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања