ВО ЖИВО

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите

„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Жбогар против ветинг во судството, во моментов ЕУ не гледа потреба за ваков потег

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
zbogar

Амбасадорот на ЕУ во земјава, Самуел Жбогар смета дека ветингот во судството е последно решение од кое во мементов нема потреба. Ова го изјави Жбогар по средбата со претседателот на уставниот суд Сали Мурати.

— реклама —

Ветингот секогаш е последната опција и за ветинг треба да се исполнат извесни услови, како консензус на сите политички актери. Ви треба консензус на сите политички чинители. На ветингот го гледаме како последно прибежиште и во моментов не гледаме потреба за тоа. Сепак одлуката секогаш е на земјата. Во последниот Извештај на ЕК за напредокот на земјава во делот за судскиот систем се наведува дека е постигнат добар напредок и дека назадувањето од претходните години почнало да се менува со преземање на чекори кои ќе значат обновување на независноста на судството. Сепак како една од клучните препораки стои дека земјава треба да:

-Обезбеди доследна примена на новите правила за назначување, унапредување, дисциплина и разрешување на судии и да покаже дека независноста на судскиот систем се почитува и промовира на сите нивоа, заштитувајќи го од каков било ризик од политичко мешање.

— реклама —

Инаку спротивно на ова премиерот Зоран Заев вчера од партиска трибина ја повика ЕУ да помогне во ветингот во судството, преку активирање на инструментот за мониторинг на судски случаи од висок профил.

Проверката во судството е актуелна во последните месеци, откако политичари предложија да се направи проверка во правосудниот систем, кој во сите извештаи на ЕУ е посочуван како нефункционален и му требаат реформи.

Државната комисија за спречување корупција пак неодамна соопшти дека од следната година ќе се проверува имотната состојба на судиите и јавните обвинители.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања