Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Збогум Македонијо: Родителите на петгодишната Јана од Битола која почина, се иселија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Jana-od-Bitola

Родителите на петгодишната Јана Христовска од Битола, која почина во битолската болница по примањето инфузија, се иселија од Македонија. Кумот на Јана, Игор Петковски, за „Макфакс“ вели дека заминале оти целосно ја изгубиле вербата во нашите институции.

„Стравуваа како ќе појдат со синот на лекар ако, не дај Боже, затреба. Ставија шест месеци на Јана, се спакуваа и тројцата заминаа од државава. На најтешкиот начин почувствуваа како функционира таа спрега меѓу здравството, судството и сите институции што имаа допир со случајот на Јана. Сите оставија впечаток дека се штитат едни со други. Најгневни се на обвинителката, која го затвори случајот само врз основа на изјави, истрага не видовме. Институциите покажаа дека сите се поврзани едни до други и кај нас се владее по системот на династија“, вели Игор Петковски, кумот на Јана, за „Макфакс“.

— реклама —

Јана почина на 22 март годинава во ЈЗУ Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола, а нејзините родители се убедени дека причина за смртта е лекарска грешка оти ѝ била дадена инфузија со гликоза, која ѝ го качила шеќерот во крвта на 19 единици, а претходно никогаш немала такви проблеми. Ја однесоа на лекар поради симптоми на настинка.

— реклама —

Институциите со недели, а некои и со месеци, анализираа и заклучија дека Јана починала од срцев удар како последица на бронхопневмонија предизвикана од вирус. Неодговорени останаа прашањата на родителите зошто има запишано различно време на смртта на Јана, зошто воопшто ѝ дале инфузија со гликоза кога резултатите покажале покачен шеќер, зошто сакале и второ шише да ѝ дадат, зошто не е кажано името на вирусот кој наводно го имала Јана, зошто докторката, сопруга на судија од Основниот суд Битола, им се скрила и ред други прашања.

— реклама —

Правда за Јана се бараше и на неколку протести во земјата, но Обвинителството го затвори случајот и не поднесе обвинение за лекарска грешка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања