„Претрес“ на Зоран Витанов: Како пропаднаа шемите на Лајконет со која капитулираа куп Македонци?
6CWg-VZMIC8

Збрка во Софија: контрадикторни изјави за GPS инцидентот со фон дер Лајен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
ursula-1

Целосна конфузија завладе во Бугарија откако Владата во Софија неколку пати го смени официјалниот став околу наводното руско електронско мешање во GPS сигналот на авионот со кој патуваше претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

— реклама —

Прво, премиерот Росен Жељазков изјави во Парламентот дека не станувало збор за намерно мешање, туку за вообичаен прекин на сигнал во густо населени области. Истото го потврди и вицепремиерот и министер за транспорт Гроздан Караџов, кој нагласи дека „не постои ниту еден факт кој би потврдил намерно ометење“.

— реклама —

Но, неколку часа подоцна премиерот свика итна прес-конференција на која ја врати тезата за можно електронско војување поврзано со војната во Украина. Тој порача дека иако копнените инструменти не регистрирале проблем, можно е опремата во самиот авион да детектирала пречки. Затоа, Жељазков наредил дополнителна проверка на инструментите на авионот.

— реклама —

Според „Фајненшл тајмс“, авион изнајмен од Европската комисија наводно изгубил GPS сигнал при приближување кон аеродромот во Пловдив, па пилотите морале да користат хартиени карти. Иако од Брисел веднаш се посочи Русија како виновник, податоците за летот покажуваат дека сигналот не бил целосно изгубен и дека доцнењето при слетувањето изнесувало само девет минути.

— реклама —

Европската комисија засега останува на ставот дека Бугарија ги известила за пречки на сигналот. „Свесни сме дека ова прашање е постојано присутно на нашето небо и во нашите мориња од почетокот на војната и затоа мора да се разгледува сериозно“, изјави портпаролката Аријана Подеста.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 седмици

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 седмици

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 седмици

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања