Збрзнете, зошто ќе нема: Златна бубамара на популарноста 27. пат, ќе се влегува и со стари пасоши и лични карти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Магазин
poster-2024

Денеска, точно на пладне, ќе бидат пуштени во продажба билетите за најновото издание на Златна бубамара на популарноста, убедливо најпопуларната манифестација кај нас, која оваа година ќе се одржи на 22 февруари во СЦ „Борис Трајковски“.

— реклама —

Под мотото „Кој чека ќе дочека“, омилената манифестација ќе направи се што ветила во рамки на својот 27-ми мандат – сатирично ќе ја раскаже изминатата година и ќе ги донесе на иста сцена најпознатите уметници од Македонија и регионот.

— реклама —

Билетите ќе бидат пуштени во он-лајн продажба од 12 часот преку сервисите на https://www.karti.com.mk/. mk и https://mktickets.mk/ или во цвеќарницата „Розе Веро 2“.

— реклама —

Во време кога нема никаков ред – редно е да имаме ред и седиште на 27-та Златна бубамара на популарноста. Влезот ќе биде дозволен и за посетители со стари лични карти и пасоши, за кои ќе има организирано колективно фотографирање, делење образци и потписи.

Од организацијата на Златната Бубамара најавуваат незаборавен спектакл од 3 часа. Да се чекираме на бубамарскиот лет број 27.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања