Влада на Република Северна Македонија се уште има шанса да си ја поправи грешката што ја направи со спојувањето на двете истечени концесии, велат од невладината организација Здрава котлина
„Манипулациите на министерот Бектеши се целосно разобличени и очекуваме на следната седница Владата свесно да заземе став и на дело да го потврди тој став со поништување на незаконското решение и двете истечени концесии! Ако сака Владата да ја слушне вистината, тогаш треба да слушне се што до сега кажавме и прашавме, а не оние кои цело време лажат и се кријат.
Утре на седница на Владата ќе се дискутира за рудникот Иловица-Штука и целата јавност ќе знае дали Владата го слуша револтот па ќе постапи по законите и ќе поништи решението или не. Делата, а не зборовите се бројат и за дела оставаме време до крајот на месецот.
Престанете да зборувате за референдум, зошто тоа е само знак дека сте вмешани во огромен криминал и пробувате да го препишете на народот. Поништете го решението за спојување на концесијата и одземете ги концесиите. Само тоа е вистинскиот чекор кон решавање на проблемот.
Владата има повеќе од доволно време да реши дали ќе тргне по патот на пропаста и гневот проследен со постојани протести, блокади, граѓанска непослушност итн...
На терен продолжуваат да течат подготовките за масовни протестни активности во месеците што доаѓаат.
Што и да се случи рудник нема да има“, стои во објавата.