Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Здравковски: СДСМ нема понуда за изборите и затоа тера црна кампања

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_3314

Од СДСМ се што прават е аматерски. Кога не знаат што да прават се занимаваат со измислени работи или фалсификуваат, рече Игор Здравковски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во гостување на Алфа телевизија во емисијата Заспиј ако можеш коментирајќи го објавувањето на лажни документи од СДСМ за што е најавена тужба од ВМРО-ДПМНЕ за клевета и фалсификат.

Според Здравковски црна кампања не е потребна, туку треба на граѓаните да им се излезе во пресрет со реални проекти.

— реклама —

„Се што е објавено е измислено, сето тоа го правеле со намера затоа што немаат што да кажат пред изборите. Сите работи кои им се објавени се неточни и измислени“, вели Здравковски.

Здравковски укажа дека ова личи на кампања која е водена во Србија.

— реклама —

„Пред извесно време ВМРО-ДПМНЕ објави за сомнителна агенција и ликови од Израел ангажирани за кампањата на Пендаровски. Ова што сега го прави СДСМ е исто што овој лик го има правено во Србија за време на тамошни избори“, кажа Здравковски.

Според Здравковски вакви случаи и слични ќе бидат решени после изборите.

„Мене ми е многу жал што живееме во вакво време, ова беше многу истакнато во последните седум години. Сето ова сите црнила ќе може да се сопрат само по изборите и само со влада на ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш мора да се направат многу работи, меѓу кои и да се ослободат институциите“, изјави Здравковски.

— реклама —

Здравковски се осврна и на кандидатот за претседател СДСМ, Стево Пендаровски.

„Тоа е личност која ќе остане запаметена само по тоа што се сликаше со Нивес Целзиус, со Бојко Љубави, тоа е човек кој велеше не знам за францускиот предлог, за потоа да признае дека учествувал во изработка на истиот. Тоа е човек кој не знае за национални интереси. Човекот треба да знае дека на Македонија и е преку глава од такви личности“, вели Здравковски.

— реклама —

Здравковски укажа дека и образованието, како и многу други области се во хаос.

„Образованието е клучна област, ние имаме деца во училиште кои немаат учебници. Тоа е недозволиво. Не знам како лицата од оваа власт не сфаќаат дека и тие имаат деца“, посочи Здравковски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-28-1040PM

ВМРО-ДПМНЕ: Инфлацијата во Македонија е најниска во регионот меѓу земјите со објавени податоци

Македонија | пред 10 часа

media-library2usa516otu319IXcNE8

Единствената коалиција што функционира е СДС, Левица и ДУИ против Изборниот законик, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 10 часа

media-librarykflvct7qbpcp9BfLynD

Манасиевски: Единственото за што се согласни СДС, Левица и ДУИ е да не се донесе Изборниот законик

Македонија | пред 1 ден

media-libraryr5ei96jn3qoc1LENMyH

Стојаноски: Македонија има најниска инфлација во регионот, мерките на Владата даваат резултати

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања