Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Здравствениот дом Охрид набави ново современо возило за Итната медицинска помош 

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Здравствен дом Охрид со сопствени средства набави ново современо возило за Итната медицинска помош (ИМП). Амбулантното возило е со комплетна медицинска опрема и вкупната вредност на возилото изнесува 4.6 милиони денари.

-Работиме на унапредување на примарната здравствена заштита, со подобрување и обновување на медицинската опрема и возниот парк на Итната медицинска помош. Со ова возило ќе ја подигнеме ефикасноста на ПЗЗ, особено во летниот период кога во нашиот град има зголемен број туристи, истакна директорката на Здравствен дом Охрид, Ајсел Зејноска.

— реклама —

Во Здравствениот дом, покрај возилото за ИМП е набавено уште едно патничко возило за патронажната служба, работни униформи, обувки, како и два ЕКГ апарати (12-канални), стоматолошки стол, стерилизатор, апарати за крвен притисок и поголем број стетоскопи, што придонесува кон натамошно унапредување на условите за работа во ЗД Охрид. Исто така, во изминатиот период се реализирани 16 вработувања во оваа установа, од кои осум се на неопределено време, додека на останатите осум, во периодот што следува ќе им биде трансформиран работниот однос од определено на неопределено време.

— реклама —

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања