Здружение на оштетени штедачи на Еуростандард банка: Оставени сме на работ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
eurostandard

Од Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка реагираат дека со затворањето на банката тие се оставени без лични парични средства.

— реклама —

„Се работи за илјадници семејства кои се погодени и фирми кои во ова време на пандемија се соочија со проблеми со ликвидност и затворање. Верувавме во систем којшто не заштитува, ги доверивме нашите тешко заработени средства во финансиска институција лиценцирана, регулирана и контролирана од Народна банка. Еднаш покрадени од организираната кражба на нашите депозити во Еуростандард банка и сега повторно покрадени во стечајната постапка. Согласно член 163 став 3 од Законот за банки, на државниот Фонд за осигурување на депозити му се дава првенство, односно монопол во наплата на побарувањата во однос на физичките и правни лица депоненти на банка во стечај, кои на ваков начин се ставени во нерамноправна положба и се директно оштетени“, информираат од здружението.

— реклама —

Додаваат дека се, како што велат „ уникатен пример за рушење на темелните вредности на уставниот поредок на државата“.

— реклама —

Според нив, јавноста треба да знае дека ниту една од 2.000 фирми депоненти на банката не добила ниту денар обештетување од Фондот.

Велат дека единствена институција во државата која може и треба да ја реши ситуацијата е Уставниот суд.

„Во пресрет на седницата на Уставниот суд, што е закажана да се одржи оваа среда, на којашто како прва точка од дневниот ред e ставена иницијативата за оценка за уставноста и законитоста на предметниот член од Законот за банки, Здружението на оштетени физички и правни лица на Еуростандард банка ‘Правда за штедачи’ сака јавно да изрази надеж во владеење на правото и заштита на темелните вредности на оваа држава заштитени со Устав“, информираат од здружението.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања